ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и таа ќе дојде брзо

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение ги повтори обвинувања кои ги кажа нејзиниот лидер, Никола Груевски, дека во тек е атак врз партијата, за да се елиминира од политичката сцена и да се ослабе Македонија.

-Ваков монтиран политички процес од вакви размери, против една партија, без докази, а со политички цели македонската држава не памети во својата историја. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда и таа ќе дојде брзо. Ќе дојде времето кога ќе одговараат за своите злодела и криминали, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости