Четворица работници паднале од скеле, еден има скршен р’бет

by fokus

Полицијата денеска соопшти дека вчера четворица работници паднале од градежно скеле откако се откачила една од жабките на скелето, дел од опремата на градежната компанија којашто ги најмила „Синтек Инжинеринг“ од Скопје.

Работниците биле на скеле во реонот на клучката кај Миладиновци. Еден од работниците има скршен р’бет и рани на главата и лицето, додека тројца имаат набиеници и рани по телото и главата. Еден од работниците е пуштен на домашно лекување.

Поврзани новости