Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска најави ќе поднесе тужби за клевета за како што велат тие, за сите лаги кој поранешниот разузнавач Слободан Богоески ги кажал во вчерашното интервју на „Топ Тема“ на Телма.
-Лицето Слободан Богоевски, осуден за криминал за кој има одлежано казна затвор, синоќа ја искористи Телевизија Телма и времето кое му беше дадено во емисија Топ Тема за да изнесе, лаги и клевети во обид да го наруши угледот на ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата. За сите невистини кои ги изнесе осуденото лице за криминал Слободан Богоевски, ќе добие тужби за клевета пред надлежниот суд, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, вчерашното гостување на Богоески на Телма било масло на Зоран Заев, кој сакал со „лаги и клевети да го изманипулира народот“.