Без тендер фирмата на Сеад Кочан ќе ја реконструира обиколницата

by fokus 11:10
11:10

Јавното претпријатие за државни патишта избрало фирма за реконстукција на скопската обиколница и склучило договор без да распише тендер. Ова се оправдува со итноста да се санира обиколницата, чии делови беа уништени во поплавите.

Без тендер избрана е фирмата „Трансмент ДОО Скопје“, а проценатата вредност  на догoворот е 220.338.983,00 денари или околу 3,6 милиони евра. Бирото за јавни набавки го објави договорот, кој фирмата им го доставила вчера, а бил склучен на трети октомври.

- Advertisements -

Инаку, фирмата „Трансмент ДОО Скопје“ е во сопственост на Сеад Кочан, кој и претходно добиваше пари од државни тендери. Тој е сопственик и на телевизијата „Нова“.

 

Поврзани новости