Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зголеми од двајца на четворица, а ќе се прошири и партискиот Извршен комитет.
-Ние сме сега во фаза на внатрешно реорганизирање на партијата. В понеделник имаме Централен комитет, ќе излезам пред членовите на ЦК со новиот состав на Извршниот комитет. Ќе има проширување, ќе има и нови луѓе. Ќе бидат некаде околу 28-29 луѓе. Ќе има проширување и во делот на потпретседателите, од двајца ќе бидат четворица. Така што, ценам дека ќе има еден навистина сериозен државнички капацитет кој ќе биде алтернатива заедно со тимот на стратешки соработници – рече Мицкоски на 360 Степени.
Сепак, тој не сакаше да открие кои ќе бидат новите членови на партиското раководство.