Мицкоски предлага намалување на бројот на пратеници

by Фокус 22:52
22:52

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предлага намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, како што е во Словенија.

-Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт – рече Мицкоски на 360 Степени.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена да разговара за тоа колкав треба да биде изборниот праг при евентуално воведување една изборна единица.

-Ние велиме – ајде да дискутираме и да направиме компаративна анализа, да видиме зошто, на пример, во Германија има пет отсто изборен праг, да видиме дали сме ние можеби покреативни и попаметни од Германците. И да ставиме на хартија, да видиме зошто и во соседна Бугарија е 4 или 5 отсто изборниот праг. Советот на Европа е јасен, според нив, тој праг треба да биде до три отсто. Е сега ако го забележите парламентот во Германија ќе видите дека таму има четири до шест политички партии, а кај нас 14 до 16 – рече Мицкоски.

 

Поврзани новости