ВМРО-ДПМНЕ: Како Шилегов стекнал накит, часовници и слики вредни 180.000 евра?

by Фокус

Како е можно просечното семејство на Петре Шилегов со месечни плати од вкупно 530 евра да се стекне со толку луксуз – злато, часовници и накит во вредност од 130 000 евра и уметничките слики во вредност од 50 000 евра, прашаа и денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Скоро 30 години, г-не Шилегов, ви се потребни со примањата кои сте ги пријавиле вие и вашата сопруга за да го стекнете само златото, часовниците, уметничките слики, а каде ви се заштедата, каде ви се луксузните возила, каде ви е станот, каде ви е вкупниот имот од 1 милион евра? – праша Александар Стојковски од ДПМНЕ.

Портпаролот на опозицискиот СДСМ, во однос на ваквите прозивки, изјави:

„Мојот Анкетен лист е јавен документ и секој кој сака може да го прочита. Јас се што сум имал сум пријавил во Антикорупциската комисија и ништо не сум сокрил. Дваесет години сум адвокат и се сум спечалил сам, никој ништо не ми дал…“

Поврзани новости