581
Откако претседателот Ѓорге Иванов призна дека генералниот секретар на неговиот кабинет, Борис Јосифовски бил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ на 27 април, кога се случи упадот во Собранието, од партијата велат дека како нивен член Јосифовски е секогаш добредојден.
-Лично јас Борис Јосифовски не сум го видел тогаш во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа можам да потврдам дека Борис Јосифовски е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ уште од структурите на Унијата на млади сили како нејзин генерален секретар, можеби пред повеќе од 15-тина години, така што не гледам причина зошто не би можел кога сака да дојде во неговата матична партија, рече Димче Арсовски – ВМРО ДПМНЕ.