Уставните измени во среда пред Уставен суд

by fokus

Одлуката за пристапување кон уставни измени во среда ќе се најде како една од точките за дискусија пред Уставниот суд, објави телевизија 24.  Девете уставни судии ќе треба да одлучуваат по однос на иницијативите на Светскиот македонски конгрес и физичко лице од Свети Николе брифираат службите од Уставен.

„Доколку бидат прифатени иницијативите тоа значи дека се поведеува постапка за оценка за уставноста на одлуката донесена на собраниската седница одржана на 19 ти октомври 2018 та. Исто така судиите можат и да ги отфрлат овие иницијативи.“

Подносителот на едната иницијатива односно Светскиот македонски конгрес причините и ставовите ги изнесува во 47 страни во кои се наведува зошто бараат од судот да да ја поништи оваа одлука.

„Прифаќањето на оваа иницијатива за поништување на одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со привремена мерка до одлучување, значи крај на еден ретрограден процес што ја демонтира државноста на Македонија и проектира нова држава „Северна Македонија“, како територија без народ и историја под протекторат на Грција. Со одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија евидентно е флагрантното кршење на Уставот и законите на државата Македонија и на меѓународното право.“

По однос на иницијативите судот може да донесе и привремена мерка до одлучување, со што ќе се суспендираат сите поединечни акти и дејства за да се спречат штетните последици по правата и слободите и внатрешниот поредок на земјата.

Поврзани новости