ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста треба да знае за подготвеноста на Заев да ги брише учебниците по историја

by Fokus

„Остануваат уште три недели до најавеното потпишување на договорот со Бугарија, а јавноста единствено што знае е подготвеноста на Заев да ги брише учебниците по историја, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека Заев најавува бришење на учебниците пратеникот во Европскиот Парламент, Андреј Ковачев јавно без тронка срам изјави дека Македонија има 100% фалсификувана историја. Тоа според Ковачев е основата на која се базира договорот за добрососедство кој Заев го договори во Софија. Заев молчи на сите изјави дадени од бугарски функционери кои претставуваат директен напад врз Република Македонија иако тој како премиер е должен да ја брани Република Македонија и да работи во нејзин интерес – се наведува во партиското соопштение од ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека македонскиот народ има право да знае какви отстапки направил Заев, бидејќи експертите од Бугарија толкуваат дека со договорот се става крај на македонизмот.

– Сиот овој атак не само што не беше демантиран, туку беше премолчен од институциите предводени од СДС. Уште поскандалозно е што на сето ова МАНУ како највисока стручна и научна институција во државата нема никакви информации што содржи договорот со Бугарија, кој Заев го преговараше во Софија. Неприфатливо е МАНУ да замижува пред нетранспарентноста на Владата – се наведува понатаму во соопштението.

Поврзани новости