ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста доби потврда дека граѓанските организации се под контрола на Зоран Заев

by fokus

Не постои политичар во светот кој пцуе сопствениот народ и е аболициран за тежок криминал, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Зоран Заев.

-Нема повеќе маски, цела Македонија го слушна вистинскиот Заев. Сите го знаеме оној човек кој со раката на срце и благ наклон на главаа во очи ги лаже граѓаните, но зад камерите тој го пцуе и дрско го навредува сопствениот народ. Од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО.  Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници. Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари. Македонската јавност доби потврда за едуцираната претпоставка дека граѓанските организации, и оние финансирани  од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев. Доаѓа времето за вистинската вистина за Македонија и за ликот и делото на Зоран Заев, а веруваме дека јавноста допрва ќе се шокира од тоа за каков човек станува збор, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости