453
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение ја повика СДСМ да побара распуштање на Собранието уште денеска, а тие ќе го изгласале.
-Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Р. Македонија за негово распуштање, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ го повикаа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, доколку СДСМ достави барање за распуштање, да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена.