Демократски сојуз достави барање Парламентот да се распушти денеска

by fokus

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов информираше дека доставил  Предлог -Одлука со која бара Парламентот да се распушти, со што ќе се создадат Уставни можности, изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.

-Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Според партијата, освен предложените промени за работата на СЈО и заштитените сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема.

Поврзани новости