966
Апелацискиот суд ја потврди пресудата дека ВМРО-ДПМНЕ стори клевета против мене, етикетирајќи еден мој поранешен настап со невистини и лаги, напиша министерката за одбрана на фејсбук.
„Политичката борба има смисол само ако се знаат границите. Јавно изречениот збор треба да се заснова на факти, а не на измислици“, напиша Шекеринска, која приложи дел од пресудата.
Денес, пратеничката група на опозициската ДПМНЕ ја обвини Шекеринска дека е дволична и лицемерна, бидејќи, велат од таму, СДСМ гласал против потребата да се разгледа и донесе по скратена постапка Законот за служба во Армијата.
„Тие гласаа против решавање на проблемите на војниците и офицерите т.е. на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Македонија. Ова е уште еден доказ за лажната грижа на Шекеринска“, реагираа од ДПМНЕ.