ВИДЕО Приведен па ослободен активист на ДПМНЕ

by fokus

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, за време на блокадата на крстосницата кај Мавровка, беше приведен партиски активист, бидејќи снимал со мобилен телефон. Во текот на денот, приведеното лице беше пуштено на слобода. Поради овој инцидент, партискиот лидер Христијан Мицкоски се упати од крстосницата кај Собранието кон Мавровска.

„Зоран Заев и Оливер Спасовски, погледнете добро што прави полицијата под ваша команда. Овој случај не е лажна вест, како што е вашата лажна грижа за народот. Не очекувам разрешница, ниту очекувам осуда, но очекувам дека силно ќе треснете на изборите, а потоа секој според заслуженото, според делото и законот. Со ова не сте силни, ова е доказ за вашиот страв и за вашата слабост“, напиша Мицкоски, објавувајќи видео од приведувањето.

 

Поврзани новости