588
Утре во 19 часот ВМРО-ДПМНЕ повика на протест против францускиот предлог кој според нив значи асимилација на Македонците или нема ЕУ.
-Одобрувањето на ваква рамка значи или во ЕУ асимилирани или нема во ЕУ. Затоа велам дека треба да се гласи. Имаше иницијатива за протест и ние се приклучуваме на таа иницијатива. Повикувам на сенароден протест. Утре пред Владата во 19 часот. Јас таму ќе бидам еден од многуте, го повикувам целиот народ да се приклучи, да го одбраниме она што се вика европска вредност, рече Мицкоски.