Мицкоски за францускиот предлог: Ваков ултиматум за Македонија, не, благодарам!

by fokus 15:32
15:32

Овој предлог ги содржи сите барања на Бугарија и во однос на историјата и на јазикот, реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по објавувањето на новиот француски предлог.

-Ова значи целосно право на Бугарија да менува учебници и нашите деца да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина.  Секој кој како Владата и Ковачевски ќе ви кажува нешто поинаку, ве лаже. Затоа имаме какафонија од предлози, два документи, два предлози…
Еве ви кажувам дека лажат и манипулираат. Јас и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидеме соучесници во таков процес, рече Мицкоски.

Тој додаде: ваков ултиматум за Македонија, не благодарам.

 

Поврзани новости