Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе крајно недемократска и скандалозна одлука со која се спречува одржување на референдуми и со тоа ја попречува демократијата во државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
-Државниот инспекторат за локална самоуправа е институција под контрола на Зоран Заев која очигледно по диктат мора да го блокира и оневозможува одржувањето на локалните референдуми за градењето на мигрантски населби и кампови кои ги планира владата согласно акцискиот план и стратегијата која ја донесоа. Референдумот претставува најчист облик на демократија во кој граѓаните непосредно се изјаснуваат по прашања кои им се во директен интерес. Референдумот е граѓанско и пред се уставно загарантирано право кое гледаме дека Заев со петни жили се обидува да им го оспори. Тоа е недозволиво. Тоа говори за нискиот демократски капацитет на СДС. Тоа говори за стравот кој владее кај Заев и кај СДС од соочување со народот по вака важни прашања, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ побара Уставниот суд веднаш да го отфрли ова решение на Државниот инспекторат.