ВМРО-ДПМНЕ: Идентитетот и културата на Македонија се нападнати а владата на СДСМ упорно молчи

by fokus

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, велат од ВМРО ДПМНЕ.

„Секојдневно сме сведоци на бројни изјави на бугарски функционери кои го напаѓаат јазикот, идентитетот, културата на Република Македонија. Владата на СДС упорно молчи. Од бугарска страна се слави договорот и се потврдува дека Илинденското востание е бугарско, дека со договорот се става крај на македонизмот и дека децата во Македонија конечно ќе учат точна историја откако Заев ќе ги избрише книгите. Вакви суштински, идентитетски прашања не смее да се решаваат зад затворени врати.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да ја знаат содржината на договорот. Имаат право да знаат какви отстапки Зоран Заев има направено.

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упати писмо до премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров со цел да се дознае содржината на договорот, бидејќи пратениците во бугарското Собрание веќе добиле можност да направат увид и да го погледнат усогласениот договор“, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости