Тројцата европски пратеници Иво Вајгл од Словенија, Ричар Ховит од Велика Британија и Едуард Кукан од Словачка потврдија дека во понеделник ќе се одржи средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел.
“Членовите на Европскиот парламент, Ричард Ховит (С&Д, Велика Британија), Едвард Кукан (ЕПП, Словачка) и Иво Вајгл (АЛДЕ, Словенија) ќе бидат олеснувачи на дијалогот помеѓу претставници од македонските политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во понеделник на 30 март 2015 година во просториите на Европскиот парламент.“, пишува во соопштението на тројцата европратеници.
Средбата ќе биде затворена за јавноста, а според неофицијални информации, претставник на СДСМ ќе биде Радмила Шеќеринска, а на ВМРО-ДПМНЕ министерот за надворешни работи Никола Попоски.