Орав поднел нота до МНР за прислушувањето

by Фокус

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обзнани дека најмалку шест амбасадори на најважните земји биле прислушувани, евроамбасадорот Аиво Орав до МНР доставил дипломатска нота преку која бара да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, објави БИРН.

Информацијата официјално ја потврдиле и од МНР со писмена изјава во која се вели: „нотата е упатена при искажани закани во јавноста од лидер на политичка партија дека поседува нелегално стекнати и креирани материјали“.

„Имаме постојана комуникација, но не можеме да коментираме кога станува збор за билатерална комуникација, преку вербална нота или поинаква. Јавната комуникација ја изразуваме преку соопштенија” велат од канцеларијата на амбасадорот Орав.

Поврзани новости