ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ: Одиме на избори на 24 април 2016 година

by Фокус

Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ како и коорфинатор на пратеничка групата, на својот профил на Фејсбук по однос на веста дека Извршениот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучил да има вонредни избори на 24 април 2016 година напиша кратко „Одиме!!!“.

Веднаш по него, со свои реакции излегоа и поранешената министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која исто така даде коментар на својот фејсбук профил:

– Избори на 24 април 2016, одиме на уште една историска победа за ВМРО-ДПМНЕ, нека е аирлија! Да живее Македонија – напиша Јанкулоска.

Актуелниот министер за образование Абдилаќим Адеми на својот профил на Фејсбук, по информацијата дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ одлучила да има избори на 24 април, напиша:

– 24 април 2016 година, како и да е, ќе биде голем ден за Македонија – напиша Адеми.

 

 

Поврзани новости