ВМРО-ДПМНЕ: ДИК може да го прочисти избирачкиот список

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ денеска извести дека ги повлекува сите амандмани и забелешки за методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила.

– ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера – се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости