643
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, иако требало, денеска не се појави на средбата со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл.
Од партијата во изјава за НОВА, објаснуваат дека Груевски се уште бил на приватно патување во Италија.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на денешната средба од причини кои веќе ги соопштивме. Заедно со семејството е на приватно патување. Тој беше лично поканет на свадба кај пријател надвор од Македонија уште пред неколку месеци. Престојот во странство го завршува заклучно со утрешниот ден, вели за НОВА портпаролот на владејачката партија Иво Котевски.
Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, денеска Хајндл се сретнал со делегација на партијата, не прецизирајќи имиња кој бил на средбата.