Полициски барикади и водени топови на мостот Гоце Делчев

by fokus

Демонстрантите на Шарената револуција во моментов се наоѓаат кај мостот Гоце Делчев, каде наидоа на блокада од кордон на специјалци кои ги спречија да го продолжат маршот.

 Демонстрантите со кренати раце се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон и да го продолжат протестот пред Уставниот суд. Тие скандираат „Убијци, убијци“, и „Шутка не ти бега Никола”.

Пред тоа демонстрантите беа сопрени и на раскрсницата кај Палома Бјанка, па не можеа да се движат кон Собранието и кон ГТЦ.

Заедно со Шарената револуција вечерва на протестот се приклучи и иницијативата „Го сакам ГТЦ”, со која маршираат против барокизацијата на Градскиот трговски центар.

Поврзани новости