„Кој лаже, Зоран Заев или Арбен Таравари? Кој ги манипулира гласачите и народот, Алијанса за Албанците или СДС? ВМРО-ДПМНЕ прашува каква е состојбата со двојазичноста, поради контрадикторноста на тоа што го кажува Заев и портпаролот на Алијанса за Албанците, реагира од ВМРО-ДПМНЕ/
– Дали лаже Таравари кога вели дека побарале двојазичноста да се реализира експресно и Заев се согласил со тоа или лажеше Заев кога ја потпиша гаранцијата со која ја отфрли Тиранската Платформа? – се наведува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека „граѓаните не сакаат политичари кои лажат кај ќе стигнат“.
– Граѓаните оправдано се плашат дека криминалецот Заев е подготвен да ја реализира Тиранската Платформа, во надеж дека од позиција на власт ќе се спаси од кривичен прогон за кривични дела кои ги извршил – велат од партијата.