– Сценариото на СДСМ во соработка со странски центри за дестабилизација на Македонија е прочитана работа. Граѓаните го препознаа нивното деструктивно делување и не им веруваат. На сите им е јасно дека СДСМ се обидуваат со креирани и монтирани материјали да се доберат на власт, без поддршката на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод последните поднесени кривични пријави од страна на опозицијата.
Понатаму во реакцијата се вели дека овие тужби се неосновани и биле провиден обид за пазарење и дефокусирање на јавноста од суштинските прашања, а тоа било обидот на СДСМ заради гола борба за власт да испорача услуга кон странски центри кои не и мислат добро на Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште една повторија дека сценариото на СДСМ во соработка со странски центри за дестабилизација на Македонија било прочитана работа и граѓаните го препознле нивното деструктивно делување и не им верувале.