Адеми ќе дебатира и со средношколците

by Фокус 17:51
17:51

По протестниот марш на средношколците, на кој имаше над 4.ооо луѓе и по барањата кои ги доставија до министерството за образование, министерот Адеми денеска рече дека ќе ги разгледа барањата и потоа  ќе организира јавна дебата за сите отворени прашања околу државната матура.

-Денес не би сакал да кажам дали одстапуваме или не. Јас велам дека е тоа добро за целиот образовен процес и е предност за сите матуранти, рече Адеми, а пренесе телевизија Телма.

Овој став, министерот ќе им го пренесе и на средношколците и ќе им укаже дека државната матура се спроведува речиси секаде во светот и дека нејзиното полагање  е услов  да се запишат на кој било факултет.

- Advertising -

На сличен начин се одвиваше и ситуацијата со студентите. И покрај почетното противење на министерот Адеми за отфрлање на законот за високо образование и пишување на нов, сепак на крајот тие победија и во моментов се работи на новиот законски текст.

 

Поврзани новости