509
Точката на дневен ред која попладнево ја предложи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со поддршка од ДУИ, вечерва беше изгласана. Со 72 гласа „за“, еден „против“ и шест „воздржани“, Собранието на Република Македонија донесе одлука за негово распуштање. СДСМ не присуствуваше на седницата.
За 22 часот вечерва претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски закажа седница за гласање за новиот премиер Емил Димитриев и за новата влада што ќе има мандат да ги организира предвремените парламентарни избори што што ќе се одржат на 24 април 2016 година. Министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ременски, нема да се појават на изборот на новата преодна влада и нема дадат свечена заклетва.