Не можат они толку долго да владеат, колку што ние можеме тоа да го трпиме!

by lali 21:10
21:10

Така Груевски за прв пат ќе победи на некриминални и фер избори и ќе ги има сите пратеници во парламентот, па ќе го има право да прави што сака и милува на легитимен начин. Без прислушкувања, без притисоци, без закон за медиуми, без списоци за гласање и вработување партиски членови. Тогаш сите ќе бидеме ДПМНЕ и на сите ќе ни должи тоа што ќе го вети.

Слободно нека изгласаат и закон со кој повеќе нема да нема избори за да можат целосно да се посветат на тоа што ќе го работат. Нека изгласаат и да нема опозиција. А кога ќе нема опоцизија, тогаш ќе нема кој да биде крив за се што не чини во државата, ќе нема кризи, ќе нема планови за федерализиација, ќе нема црни сценарија. Се ќе биде оставено црно на бело, во рацете на вечниот Груевски и неговата Влада.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Се што ќе треба да направат за тоа време додека владеат е реално да ја намалат невработеноста, да го зачуваат името, да донесат вистински и моќни инвестиции и конечно искрено и доброволно да му помогнат на народот кој претходно ќе им ја даде целосната поддршка. Ама ако и во тоа не успеат (а нема да успеат говорејќи од искуството во последниве 10 години) тогаш ко што вели и самиот Груевски, како секој совесен и зрел политичар нека ја научат лекцијата од неуспехот и нека се самораспуштат. Нека заминат засекогаш и нека не остават на раат да се справуваме и ја спасуваме државата како знаеме и умееме. Барем од нивните грешки многу ќе учиме!

Ете, ако не сега, ова можат да предложат и да го усвојат утре, а да почне да важи од кога ќе им текне и ќе им се посака. Хан сигурно и во тоа ќе ги поддржи.

 

Господ нека ни е на помош, затоа што очигледно сами не можеме да си помогнеме!