Зоран Заев, синонимот за лаги и дезинформации, се обидува да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денешната прес конференција е само уште една потврда дека слободата на говор во Македонија е загрозена, а медиумите се соочуваат со уцени, закани и цензура од власта.
Ако сака да знае што се навистина “лажни вести“, еве ќе го потсетиме:
Лажна вест и дезинформација е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики.
Лажна вест и дезинформација е дека Курто Дудуш не малтретирал и не навредувал сограѓанин.
Лажна вест и дезинформација е дека генералниот секретар на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок седум милиони евра.
Лажна вест и дезинформација е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за почеток на преговори.
Лажна вест и дезинформација е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе го штити идентитетот и жицата македонска.
Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе обезбедел економски раст од 5-7% на годишно ниво.
Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе го намалел бројот на министерства во владата.
Јасно е дека планот на лажгото Зоран Заев предвидува преку обвинувања за лажни вести да се покријат сите скандали, афери и криминали кои секој ден излегуваат.
Зоран Заев со лаги и дезинформации дојде на власт. Секоја негова лага и дезинформација сега се открива. Затоа е Заев во паника и се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите.
Колку оваа однародена власт го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали.
Гласноста на народот и јавноста ќе ги победи молкот и цензурата на власта.
Лагите и дезинформациите ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт“, соопштија од опозицијата.