Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува настанот во кој физички беше нападнат сопственик на Мактел, Саше Ивановски – Политико. ВМРО-ДПМНЕ бара од институциите максимално ангажирано и брзо да постапат и да ги пронајдат сторителите на ова дело.
„Неодговорно е да се злоупотребува ваков настан во набедување и политичко насочување кон можни сторители на овој настан, пред за тоа да се произнесат институциите, бидејќи тоа, нити помага на истрагата, нити на таков начин се лоцираат вистинските сторители на делото“, стои во соопштението на партијата.
Од таму тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ, на принципиелна основа, како и во другите настани кога беа нападнати новинари како Бобан Нонковиќ, Ивона Талеска, Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, реагира и на овој настан и најостро го осудува.