586
Фирмата која СДСМ се обидуваше да ја поврзува со ВМРО-ДПМНЕ, добивала огромни тендери токму од власта на Зоран Заев и СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму истакнуваат дека на Заев и на СДСМ им е побитен бизнисот отколку, како што велат, здравјето на граѓаните.
„Фирмата „Еко Клуб“ од Битола само во последната година има склучено над 60-тина договори од тендери во вредност од над 130 милиони денари, меѓу кои само тендерот на ЈП за државни патишта изнесува околу 60 милиони денари. Тендери оваа фирма добивала и од министерството на Радмила Шекеринска и од други државни институции, главно од министерството на Венко Филипче“, се наведува во партиското соопштение.