ВМРО-ДПМНЕ го повикa Сашо Велески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп да одржи прес-конференција пред куќата на пратеникот Горан Сугарески, доколку, како што велат од ДПМНЕ, смета дека во неговата куќа живеат 13 фантомски гласачи, бидејќи во Избирачкиот список на неговата адреса биле регистрирани вкупно 15.
-Фабрикување скандали не е клучот да дојдете на власт. На власт се доаѓа со добивање доверба од граѓаните, а не со лажење на граѓаните. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 200.000 гласови и барајте ја во новоотворените работни места, кои во периодот од 2005 до 2015 се вкупно 204.327. Разликата барајте ја во ветените и реализирани проекти за подобрување на животот на граѓаните. Оваа разлика ќе биде уште поголема на 5-ти јуни, а тоа е единственото од што се плашите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска Сашо Велески од СДСМ излезе со тврдење за нови злоупотреби и хаос во Избирачкиот список, за кој, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја погазиле слободната волја на гласачите.