Најбрза одлука во историјата: На 16 март Уставниот суд ќе одлучува за помилувањето

by Фокус

Одлуката за укинување на измените на Законот за помилување, со кои на претседателот на државата ќе му се дозволи да помилува без ограничување, ќе биде донесена на наредната седница на Уставниот суд – на 16 март, пишува Утрински весник.

Оваа одлука ќе биде најбрза во историјата на Уставниот суд, бидејќи нема да се чека ниту законскиот рок од 30 дена, ниту пак второто мислење на Собранието на Република Македонија. Првото мислење на Собранието кое беше дадено во фазата на иницијативата, беше негативно.

Иницијативата на 5 февруари ја поднесе адвокатот  Ристо Китевски, кој работи во адвокатската канцеларија на адвокатот на Гордана Јанкулоска, а веќе на  24 февруари Уставниот суд со 5 гласа „за“ и 4 „против“ ја прифати и одлучи да поведе постапка за оценување на измените на Законот за помилување. Пред два дена беше утврден текстот на решението за поведување постапка, а веќе в среда, по неполн еден и пол месец, ќе се донесе и конечната одлука.

Поврзани новости