Економскиот план на Владата не го адресира главниот проблем, невработеноста и само ги залажува бизнисмените, изјави денеска Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Мерките што ги презема владата на црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски и повеќе ќе предизвикаат штета отколку полза за граѓаните.Мерките кои денеска ги презентираше Анѓушев не го адресираат главниот проблем во државата. Овие мерки не го адресираат проблемот на невработеноста.Овој план е дизајниран само за фирмите на Анѓушеви и Заеви бидејќи никој друг нема да има полза од ова. Ова е план по чија реализација ќе се отпуштаат вработени, а нема да се создаваат нови работни места. Истовремено компании од секторот како „Џонсон Мети“, „Дрексел Мајер“, „Костал“, „Леар“, „Кромберт и Шуберт“ со нивните мерки не можат да добиваат државна помош и истите ќе одат во соседните држави каде има мерки за овој сектор, рече Данев.