МНР: Нема повредени македонски државјани во земјотресот во Мексико

by fokus

Од Министерството за надворешни работи соопштуваат дека нема повредени македонски државјани во земјотресот во Мексико.

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико.

Македонската амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.

Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:

00 1 202 390 7418

00 1 202 667 0501

Поврзани новости