ВМРО-ДПМНЕ е исто и со Груевски и со Мицкоски, вели Спасовски

by Fokus

Во ВМРО-ДПМНЕ нема промена во однесувањето и покрај смената на Груевски со Мицкоски, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ги условува уставните измени со предвремени параментарни избори, тој одговори:

-Немаме разговор со нив за ниедно прашање кое може да се доведе во ваква корелација. Мора да се воспостави платформа на дијалог, да се стави приоритет на националните пред партиските интереси. Националните интереси не се решаваат со избори, тоа се партиски потреби на политичките партии, нагласи Спасовски.

 

Поврзани новости