626
Повлекувањето на Игор Дурловски од парламентот е негов личен став, којшто ние го почитуваме, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Фокус, откако носителот на пратеничката листа во петтата ИЕ се повлече од Собранието.
„Како што и Дурловски сам кажува, тој останува верен на Македонија, но и на Коалицијата „За обнова на Македонија“ и на ВМРО- ДПМНЕ. Меѓу другото, Дурловски останува и стратешки соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски“, велат од ДПМНЕ.