Марковски: Да се тестираат само тие со симптоми, маските на отворено се штетни

by Фокус

Професорот Вело Марковски, кој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва истакна дека носењето на маска на отворено е штетно.

-Исфрламе милијарда микроорганизми со кивање. Сега ние одеднаш правиме нова состојба. Не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме. Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме. Имаме проблем со децата. Ајде кога возрасен не може да диши, ќе ја трне маската, ама детето не може, и тука настанува проблем. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам – рече Марковски.

Тој смета дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми.

– Ако е чисто ковид, мора да се оди симптоматски. Да не се оди со лекови за кашлање, за искашлување. Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата. Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да се оцени кое време се ставаат на респиратор – рече Марковски.

Марковски смета дека досега немало епидемија, туку можеби таа сега започнува.

-Хаосот прави проблем. Кивне ли човек, а може од 500 причини да кивне, одма го фаќа паника, трча да се тестира… Мислам дека треба само тие што имаат симтпоми да се тестираат и заедно со серолошки тестови – порачува тој.

Поврзани новости