Овој предлог на СДСМ е неприменлив и спротивен на стандардите во ЕУ, каде што тенденцијата е националните радио-дифузни сервиси да се финансираат токму преку радио-дифузната такса, велат од ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на СДСМ МРТ да се финансира од Буџет.
-Долговите кои до ден денес се провлекуваат во МРТВ се наследство токму од СДСМ и нивното недомаќинско работење со националниот сервис. Се што знае СДСМ во врска со работењето на МРТВ е како да ја задолжи во огромни долгови, односно како да ја нарекува националната телевизија свој политички непријател, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека за СДСМ имало два типа на новинари и медиуми – оние кои седат на кафанска маса со Зоран Заев и кои му отстапуваат илјадници секунди секој ден за промовирање на манипулациите и деструктивните кампањи на СДСМ и оние кои не се под диктат на Бихаќка.