ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Треба да ви се објасни дека не можеме да спречиме поројни дождови

by Фокус

-Очигледно треба да ви се објасни дека Општинскиот штаб за заштита и спасување во Локалната самоуправа на Општина Прилеп не може да спречи поројни дождови, ниту истото може да го спречи Вашиот градоначалник во Струмица Заев, туку неговата улога е благовремено да реагира за да се намалат штетите од елементарните непогоди и да се санираат секаде каде што ќе се појават, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, откако СДСМ праша каде се потрошиле неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа во Прилеп.

За намалување на штетите од поплавите, од владејачката партија велат дека формирана е Комисијата за проценка на штети, која веќе била излезена на терен и постапува по барањата кои утрово биле поднесени во приемното одделение на Општина Прилеп.

-Ја замолуваме СДСМ, ако веќе не сакаат да бидат конструктивни и да помогнат во ситуации кога општината и граѓаните се зафатени од непогоди, кои се надвор од моќта на луѓето, тогаш да остават тоа да го направат тие кои од секогаш се грижат за доброто на народот и државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Поврзани новости