Две лица се исчезнати по вчерашното невреме во Тетово

by Фокус 17:06
17:06

Полицијата трага по шестгодишно девојче од Шипковица и по 61-годишен маж од село Лисец, по вчерашните поплави и одрони кои беа резултат на силното невреме, но и на неисчистените речни корита и неконтролираната сеча на шумите во Тетово. Досега полицијата ги пронајде телата на четири жртви, меѓу кои три лица се од Шипковица.

Повредени се 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома.

- Advertisements -

Од Центарот за управување со кризи рекоа дека слободниот тек на реката Пена бил затнат од ѓубрето и градежниот отпад што со години се фрла во коритото.

 

Поврзани новости