Директори во Тутунски Комбинат Прилеп, кој е во доминантна државна сопственост, после само 2 години директорување купиле станови во Скопје, обелодени Горан Стојаноски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
-Наташа Василеска Пирганоска, која е сопруга на Кирил Пирганоски, директорот на погонот за цигари во Тутунскиот Комбинат, во февруари месец годинава купила стан во неселбата Аеродром во Скопје. Бранко Хронески пак, директорот на погонот за тутун во комбинатот, пред три дена, купил стан во населбата Водно во Скопје. Неизоставен дел повторно е Генералниот директор Станкоски, кој во 2019 година се стекнал со стан во населбата Карпош во Скопје – рече Стојаноски.
Воедно, тој праша дали Стеван Димоски, претставник на синдикат на погон тутун, е врбуван од Генералниот директор Станкоски со тоа што му ја вработил ќерката во погон цигари Маја Димоска?
-И дали Гоце Мојаноски, член на бордот на директори на во Тутунски Комбинат А.Д. Прилеп, си даде отказ од работното место заради откриен финансиски криминал? Истото лице е претседател на комисија за земјоделство во СДСМ во Прилеп и се уште е на платен список во бордот на директори – рече Стојаноски.