Мисајловски: Законот за потекло на имот ќе зафати луѓе од СДСМ, ќе се дознае каде завршувале куфери

by Фокус

Владо Мисајловски, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во 2 ИЕ, денеска во Куманово побара поддршка од граѓаните на 15 јули, за, како што истакна, да има обнова во културата, во судството, здравството, во инфраструктурата, спортот.

-Знаете дека оваа кампања за мене почна со едно црно сценарио, со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан. Јас уште првиот ден кажав дека тие инспиратори, креатори од политичкиот опонент мене нема да ме запре. Јас ќе продолжам со позитивна енергија, со позитивна ведрина и за она што секој ден копнее оваа држава, а тоа е да се има надеж за подобра иднина – рече Мисајловски.

Според него, законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот ќе покаже каков имот кријат политичарите.

-Затоа е и добро законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот да видите какви политичари имате тука во Куманово и што се кријат за своите т.н. пријателски бизниси. Затоа е добро обновата на Македонија да почне и тука од Куманово, да зафати многу лица од врвот на СДСМ за да знаете каде завршуваат тие црни пари и тие црни тендери, јас би ги нарекол и куфери – рече Мисајловски.

Поврзани новости