-Обвинителството на Зоран Заев вчера од чисто политички мотиви ги уапси Димитар Димовски член на ИК  на  ВМРО-ДПМНЕ, кој ја објави аферата за насилникот Курто Дудуш и Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, кој и нанесе тежок пораз на власта во оваа скопска општина. Со политичкиот прогон врз Димовски, Митевски, Јанакиески и останатите, Зоран Заев не може да го покрие разочарувањето и катастрофата која секојдневно им ја приредува на граѓаните, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта, затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ.

-Криминалната влада на Зоран Заев мисли дека со монтирани случаи ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, како криминалот, рекетот, непотизмот, корупцијата, урнисаното образование, неуспесите во земјоделието и сите катастрофи кои ги причини оваа власт. Заплашувањата нема да успеат. Граѓаните одамна препознаа дека со СДСМ државата не може да оди напред. Во услови на вистински режим 25 % од граѓаните го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 23.1 % за СДСМ. Поддршката на сметка на ВМРО-ДПМНЕ само ќе расте и СДСМ тоа го знае. Доаѓа денот за одговорност, Заев и сите негови пулени на функции ќе треба да се соочат со правдата, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.