451
Кога лажат во СДСМ, кога велат дека Димитар Ковачевски не служел војска затоа што има здравствен проблем или кога велат дека не дезертирал, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес дезертерот Ковачевски сам кажа дека не служел војска затоа што има неколку последователни операции. Тој сам приложил документ дека е трајно неспособен. Дали дезертерот Ковачевски лажел пред АРМ или лаже сега? Факт е дека дезертерот Ковачевски дезертирал. И факт е дека за тоа да го направи приложил документ дека е трајно неспособен“, велат од опозициската партија.
Од таму побараа оставка од Ковачевски, кој ги обвини ривалите дека се нечесни со тоа што злоупотребуваат, како што вели, здравствен предизвик.