Расипничката и неодговорна влада на СДС денес ја задолжи државата за нови 31.5 милиони евра, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата прекумерно се задолжува, неплански и безпотреба. На денешната аукција за задолжување било најавено задолжување од 17 милиони евра, но на владата очигледно не и биле доволни овие пари па се задолжиле двојно повеќе, од првично предвиденото. Владата до сега државата ја задолжи за над 610 милиониони евра, а со ова задолжување долгот се искачува на енормни 630 милиони за само 6 месеци од управувањето на СДС со државата. 630 милиони евра, пари кои утре сите ние заедно и нашите деца треба да ги враќаме со каматa, а ниту една реализирана капитална инвестиција, запрени проекти и кратења на парите од буџетот за образование, здравство и инфраструктура.