631
Под слоганот „Единствени”, ВМРО-ДПМНЕ денес во 19 часот, во Музејот на ВМРО, ќе го прослави 27-миот роденден од формирање како политичка партија.
Во рамки на одбележувањето, вчера и завчера претходеа две панел дискусии, насловени како „Единствени кои носат инвестиции и отвoраат работни места“ и „Единствени кои реализираат проекти во инфраструктурата“.
Од партијата велат дека за време на нивното владеење се зголемиле пензиите, платите, субвенциите, се изградиле училишта, болници, аеродроми, патишта, гасоводи, се реализирале инвестиции…