526
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска во СЦ „Борис Трајковски“ во 15 часот ќе одржи голем собир, како што го нарекуваат од партијата, а на кој свое обраќање ќе има Никола Груевски.
Со денешниот собир ќе се заокружи викендот на трибини, собири и партиски настани што ги организираше партија.
Во изминатите два дена ВМРО ДПМНЕ имаше собири и панел дискусии во Македонската опера и балет (МОБ) на кои членовите на Владата и Парламентот од ВМРО ДПМНЕ даваа отчет за сработеното.